ВОВЕД
Целта број 5 од Целите на Одржлив Развој,
„Родова Еднаквост“ е да се постигне родова еднаквост и да се охрабрат генерално
сите жени и млади девојки. Според ОН (2015, стр.6), главната причина за
постигнување на оваа цел е фактот дека секоја жена и девојка има право да биде
третирана со еднаквост и без страв од физичко или сексуално насилство, бидејќи
достигнувањето на вкупниот човечки потенцијал и одржлив развој не е возможно
доколку една половина од човештвото продолжува да ги одрекува своите целосни
права и можности.
Дополнително, еднакви права и можности
кон жените и девојките се основата за одржлив и мирен свет. Но, сеуште знаеме
дека насилството врз жените е голем проблем – на пример 18% од жените и
девојките на возраст 15-49 во некаков вид партнерство, искусиле физичко и/или
сексуално насилство од своите партнери.
Иако жените се 39% од работната сила,
само 27% од менаџерските позиции се претставени со жена на тоа место. Во 18
земји, сопрузите имаат законско право да ги спречат нивните сопруги да се
вработат, и во 39 земји, синовите и ќерките немаат еднакви права за наследство.
Ова е само дел од проблемите кои жените и девојките ги имаат во денешно време.
Како дел од Цел број 5, беа поставени 5
целни категории со цел промена на негативните ситуации кон жените и девојките
(ОН, 2015):
1) Крај на
сите видови дискриминација кон жени и девојки
2) Крај на
сите видови насилство кон жени и девојки во јавниот и приватниот сектор,
вклучувајќи трговија со луѓе, сексуална или друг вид експлоатација
3) Крај на
штетни практики, на пример стапување во брак со деца и многу млади девојки,
како и генитално осакатување кај жените/девојките
4) Потврда
и вреднување на неплатена грижа и работа во домаќинството преку обезбедување на
јавни услуги, инфраструктуа и политики на социјална заштита. Промовирање на
споделени одговорности во домаќинството и семејството.
5) Потврдување
на целосно и ефективно учество и еднакви можности за лидерство на сите нивоа на
одлучување, во политика, економија, или јавен живот
6) Универзален
пристап до сексуално или репродуктивно здравје и репродуктивни права
7) Реформи
кои би им дале на жените еднакви права до економски ресурси, како и пристап до
поседување и контрола над земјишта или друг вид сопственост, финансиски услуги,
наследство и природни ресурси, во согласност со национални закони
8) Подобрена
употреба на технологија, конкретно информациска и комуникативна технологија, за
промовирање на јакнење на жените.
9) Присвојување
и јакнење на политиките и применливите легислативи за промовирање родова
еднаквост и јакнење на жените и девојките на сите нивоа.
Зошто е
Цел број 5 важна за образовната заедница? Оваа
заедница има витална улога во потврдување дека Цел број 5 ќе биде успешно
постигната. Еднаков пристап до добро образование е важен дел од јакнењето на
жените и девојките.
Според УНЕСКО, девојчињата помалку имаат
можности за образување во споредба со момчињата. Беше и проценето дека 16
милиони девојчиња нема да имаат можност за да одат на училиште, а од 750
милиони возрасни без основна писменост, две третини се жени.
Исто така, рамката за Дејствување 2030,
тврди дека родовата еднаквост бара мулти-димензионален образовен пристап кој
’овозможува на девојчињата, момчињата, жените и мажите не само пристап до
комплетни образовни циклуси, туку и ги јакне во еднаквоста и низ образованието‘
(стр.28).
Ако девојките добијат соодветно
образование, ќе има значајно зголемување во стапката на родова еднаквост –
образованите жени заработуваат повеќе од тие без образование, секоја
дополнителна година во образование е поврзана со помали можности за стапување
во брак или репродуцирање, а образованието е важен фактор во успешно планирање
за семејство или сексуална едукација, и колку повеќе е една жена образована, ќе
има повеќе свој капитал во нејзиниот живот. Но, што ги спречува девојчињата да
одат на училиште?Има неколку можни одговори: сиромаштија, малцинства, географска
изолација, брак на многу млада возраст, инвалидност, бременост, насилство врз
основа на пол, традиционални поставувања за улога на жените, итн (Водон, 2018,
стр. 3-5). Затоа, интересот
на образовната заедница треба да е препознавање на пречките кои ги попречуваат
девојчињата од добивање добро обраазование во нивните заедници, и решавање на
овие предизвици.
Исто така, образовната заедница има и
важна улога во потврдување на родовата еднаквост во општеството. Овој вид на
заедница има голема улога во трудот за да се постигне подобра родова еднаквост
преку разгледување на социјални норми и родови очекувања, преку промовирање на
нови шеми и верувања, однесувања кои не се основаат на дискриминација и
насилство, и одбегнување на нееднаквости и нивно поддржување.
Образовната заедница мора да е
внимателна кон физичките, психолошките и социјалните разлики помеѓу машки и
женски изучувачи, но треба да ги вреднува и почитува двата еднакво и да
обезбеди еднакви можности за сите. Ова подразбира дејствување на повеќе нивоа,
потврдување на еднаков пристап до ’образование (еднакви можности за учење) во
самото образование (внимателност кон пол, недискриминација и трансформациска
образовна средина, образони содржини и педагогија) и низ образование (еднаков
приход, животни и работни можности)
Клучни
димензии на Цел број 5 од Целите на Одржлив Развој
За да се постигне целиот потенцијал на Цел број 5, потребни се еднаков пристап до образование, здравствена грижа, пристојна работа и претставување на политичко и економско одлучување. Овие се прецизирани во изучувачките цели на УНЕСКО во однос на сите Цели на Одржлив Развој (2017, стр.25).
Во однос
на Цел 5:
А) Когнитивно-изучувачките цели
посочуваат дека изучувачот треба да разбира основни родови концепти и да е
информиран за родова дискриминација, родово насилство и нееднаквост, додека
истовремено тој/таа има свој/а култура какон референца, изворна точка за
споредба со глобалните норми. Исто така, изучувачот треба да ја разбира улогата
на образованието, технологијата, и легислативите во однос на јакнење и
сигурност за учеество на сите полови.
Б) Социо-емоционалните изучувачки цели
посочуваат дека изучувачот треба да препознава и анализира традиционални
перцепции за родови улоги, да препознава кога се случува дискриминација и да
реагира кон ова со јасно и гласно посочување дека е погрешно, да ги јакне оние
кои сеуште се немоќни, да го преиспитува сопствениот родов идентитет, и да
чувствува емпатија и солидарност со оние кои се поразлични.
В) Изучувачките цели за однесувањата
назначуваат дека изучувачите треба да се јакнат себеси и другите кои се
дискриминирани поради полот, да учествуваат и да влијаат во носењето одлуки во
однос на родова еднаквост, да набљудуваат и препознаваат родова дискриминација,
и да имплементираат, поддржуваат и оценуваат стратегии за родова еднаквост.
Вкрстувањето
помеѓу Цел на Одржлив Развој број 5 и присвојувањето на вештините на 21ви век
Со цел да се постигне Цел број 5 која се
стреми кон родова еднаквост за сите и секаде, образованието е круцијално и
основа за понатамошни успеси. Секоја девојка и жена треба да има пристап до
образование и право на присвојување на вештини на 21ви век, со цел да
придонесува кон општеството и да ги исполни своите соништа и желби, амбиции.
Успешните достигнувања на Цел број 5 се
потврда дека половина од светската популација треба да им пристап до
образование и присвојување на вештини на 21ви век. Како една од главните идеи
позади концептот на вештини на 21ви век е всушност подготвување на луѓето за
брзи промени и сите можни предизвици и можни промени во иднина, и е потребно
сите луѓе да се ангажирани без разлика на пол.
Ако општеството сака да биде добро
подготвено за сите пречки и можности во идина, важно е да не го кочиме
потенцијалот – тој на девојките и жените конкретно. Два од клучните концепти на
вештини на 21ви век се креативноста и иновацијата. Како што е познато, овие две
ги мотивираат луѓето кон одредена слобода и значи дека тие се изразуваат
слободно и без никакви ограничувања.
За да се постигне одлична социјална или
технолошка иновација која ќе го олесни животот на многу луѓе, важно е девојките
и жените да бидат чуени, и да се земат во предвид нивните искуства.
Ова може целосно да се постигне само со
родова еднаквост и само доколку оваа еднаквост е секаде прифатена и применета.
![]() |
Chapter completed | ![]() |
Exercise | Result | Your answer | Correct answer |