ВОВЕД
Генералната цел на Цел на Одржлив Развој
број 11
Следејќи многу претходни иницијативи, во
2016 ОН присвоија глобална Агенда со објективи и цели на одржлив развој
насочени кон 2030та. Рамката вклучува и опишува ефективен начин за 17 Цели, од
кои една се фокусира на градови и човеччки населувања, со цел да ги направи
инклузивни, безбедни, и одржливи.
Градовите се седишта за идеи, трговија,
култура, наука, продуктивност, социјален, хуман и економски развој. Урбаното
планирање, транспорт, вода, санитација, отпад, редуцирање ризик од несреќи и
неповолности, пристап до информации, обраозвание и градење капацитет се сите
релевантни теми за одржлив урбан развој.
Во 2008, за прв пат во историјата,
глобалната урбана популација ги надмина оние од рурална средина. Овој факт
означи еден нов милениум, и до 2050та, се очекува дека две третини од светската
популација ќе живеат во урбана средина.
Со повеќе од половина од сите луѓе на
светот кои живеат во градови, треба да се земе во предвид фактот дека луѓе
населени во урбана средина се 70% од светската популација односно бруто домашен
производ, генерирајќи економски раст и просперитет за многу други. Но
истовремено, процесот продолжува со повеќе предизвици, сите да се внимателно
менаџирани преку калкулирано социјално планирање.
Оваа тема за глобални развојни обиди е
многу важна, а неодамнешни движења се стремат кон опфаќање на темите на одржлив
развој од урбана гледна точка, низ светот, и пред се Европа како старт.
Локалните власти и заедници треба да
работат заедно за обнова на планот и планирање на градови и човечки населувања,
со цел да се негува заедничко живеење, кохезија и лична сигурност како и повеќе
иновација и вработливост, зголемувајќи го степенот на добро живеење како фактор
во градовите.
Темите и проблемите за соочување се навистина
големи, и географските разлики на планетата бараат различни политики и
стратегии. Сепак, добро е да се знае дека од 2019та, веќе 150 земји развија
вакви политики, и скоро половина се доследни на истите.
Зошто е
ова важно за образовната заедница?
Ако се земе во предвид целиот комплет на
Цели на Одржлив Развој, со севкупно сите контексти за истиот од Агендата на ОН
2030, јасно е дека иднината на човештвото и на нашата планета е во наши раце.
Но исто така, ова е и под контрола на денешните млади генерации кои пак ќе го
остават истото на идните млади генерации.
Едукативната заедница е заинтересирана
за овие теми бидејќи образованието на денешницата отвора нови светски
предизвици, и формира основа за иден капацитет и нивно менаџирање. Исто така,
ако се земат во предвид Целите на Одржлив Развој со одржливите градови и
заедници, важно е да се потенцира дека културите се вкрстуваат во однос на
урбани теми, и ова има ефект на повеќе Цели на Одржлив Развој, вклучувајќи ги и
тие за образовни цели.
Живеење во градови поттикнува
пристапност до образовни установи, и ова е без сомнеж позитивен аспект бидејќи
придонесува за повеже писменост и тоа во повеќе земји во развој, и ја зголемува
стапката на високо образование во поразвиени земји. Но, живеење во градови отвора
можности и за многу социјални врски, проблеми, и теми за типични урбани
групации (ризик од етнички конфликти, злоупотреба на субстанци како дрога или
алкохол, насилство, стрес и ранливост на деца, итн.), а за ова образовните
институции мора да бидат подготвени за да го решат.
Целта која ја наоѓаме во Агенда 2030 е
да се обезбеди сите изучувачи да се стекнат со знаење и вештини кои се потребни
за одржлив развој, вклучувајќи и исто преку образование за одржлив развој и
одржливи животни навики да се стекнеме и со знаења за човечки права, родова
еднаквост, промовирање на култура на мир, а не на насилство, глобално
граѓанство и ценење на културален диверзитет и придонес од културата кон
одржливиот развој.
Клучни
димензии за Цел на Одржлив Развој број 11
Иселувањето од рурални и подрачни
области од периферија кон поголеми места и градови е навидум тешко да се
спречи, скоро секаде низ светот. Повеќе од половина од светската популација се
населени во градови. До 2050, 6.5 милијарди, или 2/3 од сите на светот, веќе ќе
се населени во урбани градови и места.
Градовите се 3% од земјиштата на целиот
свет, но од нив доаѓа процентот на 60-80% енергетска потрошувачка и минимум 70%
јаглеродни емисии. Брзиот раст и развој на градовите генерално – резултат од
многу популација и зголемена миграција – доведе до многу мега градови, посебно
во змеји во развој, а неразвиените области за живеење се значаен фактор за
урбаниот живот, бидејќи и со прогресот од 2019та во намалување на светска
популација која живее во сиромашни квартови, сепак повеќе од 1 милијарда луѓе
сеуште живеат во вакви услови.
Во ваков контекст, одржливиот развој не
може да се достигне без големи трансформации во начинот на кој градиме и
менаџираме урбани простори. Агендата 2030 од ОН ја одбра оваа тема како причина
за панел на важни точки, со цел истите да се достигнат низ заедничка
посветеност на високи и ниски нивоа на институции, бизнис акционери и членови
на заедници. Така, до 2030 ќе
биде важно и задолжително да се преземе
иницијатива и да се промени начинот на работа на повеќе полиња и нивните клучни
елементи.
- Мнозинството на урбани луѓе дишат
воздух со многу лош квалитет, и ова влијае лошо на многу фактори како живеење
во град. Прво, здравјето на граѓаните е под влијание од загадувањето. Во
2016та, 9 од 10 луѓе од урбани населби сеуште дишеа лош воздух кој не беше во
согласност за начела на безбедност и здравје за воздушен квалитет од Светската
Здравствена Организација.
- Во однос на справување со отпад,
глобално, 2 милоијарди луѓе немаат пристап до услуги за справување со отпад и 3
милијарди немаат пристап до контролираност на справувањето со отпад.
Со зголемената урбана популација и
постоењето на економии засегнати со потрошувачите, насред зголемени приходи на
светско ниво и брза урбанизација, проценето е дека целокупниот отпад во светот
ќе се дуплира од скоро 2 милијарди тони во 2016, до 4 милијарди тони во 2050.
И евентуално себично земање во предвид,
во Европа, е основано на идејата дека проблемите со отпад се пред се проблеми
само на градови на другиот дел од светот, а ако навистина се верува во ова, би
било некоректно и стратешки погрешно.
- Одржливоста за животната средина е под
ризик бидејќи има големо проширување на неконтролирано урбанизирање и
бетонирање, и ова е негативно за зелените области во градовите. Со цел да се
заштити факторот кој овозможува живеење во градовите, треба да ги зачуваме
неурбанизираните области, и преку нивна промена или подобрување, да придонесеме
до балансирана мешавина на зелени области, пешачки зони, велосипедски патеки, и
можеби и урбани градини за зеленчук.
Глобално, урбаните области се
прошируваат на брз начин и со брзо темпо, а нивните популации не толку многу.
Помеѓу 2000 и 2014, областите за градови се проширија 1.28 пати побрзо од
нивните популации. Подобар менаџмент на урбаниот раст е од основно значење со
цел да се гарантира одржлива урбанизација.
- Улогата на транспортот во одржливиот
развој беше прво препознаена во 1992 на Самитот за Планетата Земја на Обединети
Нации, и беше стапено во сила за истото во документот за крајни резултати,
Агенда 21.
Глобалното
внимание кон транспортот продолжува, и во Агенда 2030, одржливиот транспорт е
главна точка низ неколку Цели на Одржлив Развој, конкретно тие поврзани со
сигурност на храна, здравје, енергија, економски раст, инфраструктура, и
градови како и човечки населувања. Важноста на транспортот за климатска акција
е понатаму пак препознаен, знаејќи дека скоро ¼ од стакленичките гасови и
емисии поврзани со енергија се од транспорт и овие емисии ќе се зголемат во
следните години.
Исто така, до 2030, креаторите на
политики ќе треба да најдат решение за социјалниот ефект на транспортни
решенија во градови и човечки населени места, да се има пристап до безбедни,
ефтини, пристапни и одржливи видови транспортни системи, да се подобри патната
сигурност, пред се во подобрениот јавен транспорт, со посебно внимание на
потребите на оние во ранливи ситуации, жени, деца, лица со попреченост или
инвалидитет и стари лица.
Вмрежувањето
помеѓу Цел на Одржлив Развој број 11 и присвојувањето на Вештини на 21ви Век
Луѓето кои живеат во урбани места се тие кои можат да покажат
максимално ниво на карактеристики од човештвото, односно негативното „социјално
животно“. Во споредба со оние кои се во рурални или периферни места и
маргинализирани области, каде популацијата и густината е пониска, а можностите
за интеракција се редуцирани во секојдневието, урбаните граѓани треба брзо да
прифатат елементи од таканаречени ’меки вештини‘ или Вештини на 21ви Век. Овие
вештини се потребни за барање можности и целосно учество во општеството.
Така, ако целта на едукативниот процес е
капацитет за учениците (идните возрасни единки), да се помогне да разберат што
е значењето на одржливи градови и заедници како ефтини и пристапни места со
зелени и културално инспирирачки услови, меките вештини кои им се потребни се
всушност целиот сет од 6 глобални компетенции кои се дефинирани од Мајкл Фулен,
но се со фокус конкретно на елементите Граѓанство и Тимска работа.
На ист начин, меките вештини поврзани со
Решавање Проблеми и Креативност може да бидат многу позитивни и корисни за
редуцирање на ефектот од градовите врз животната средина, или за пристапноста
до безбедни и инклузивни зелени и јавни простори.
![]() |
Chapter completed | ![]() |
Exercise | Result | Your answer | Correct answer |