Инструкции
Лекција за загревање (лекција 1 и 2)
Учениците потоа гледаат краток клип
(https://youtu.be/xyCRY70WrPE) како жанр „нем филм“. Ова е вовед за градските
градини и потребата за повеќе зеленчукови градини.
Потоа, наставникот почнува дискусија со
прашања како следните „Зошто е важно да се одгледува зеленчук и тоа
самостојно?“ и „Што е потребно за да порасне растението?“.
Потоа наставникот го воведува терминот
„зеленчукова градина“ кон учениците и им дава време да размислуваат за како да
одгледуваат зеленчук вертикално. Наставникот исто така покажува и одредени
слики на таблата.
Цртање
на скица
Учениците цртаат и скица од нивниот дом
на хартија (зграда и околина, стан, балкон, куќа, градина, двор, итн.).
Фаза за
идеи (Лекција 3)
Учениците презентираат и кажуваат нешто
повеќе за своите цртежи, и разменуваат идеи за можни начини на култивирање
зеленчукова градина според нивните скици. Наставникот потоа користи структура
која се вика Круг внатре/надвор. Ова се завршува навремено, 2 минути
презентација на скици, 2 минути брејнсторм за идеи и 2 минути запишување на
нови идеи.
По првата презентација, кругот на
ученици се ротира 3 пати, и така учениците завршуваат секогаш со нова особа.
Уште еднаш, двата ученици разменуваат идеи за како вертикално да се култивира
зелечук, но и хоризонтално врз основа на скиците. Ротацијата на кругот треба да
се повтори 3 пати. На крај, учениците завршуваат пред една особа со која ќе
соработуваат во следните лекции.
Градење
/ производство (лекција 4 и лекција 5)
Учениците работат во парови и креираат
дизајн за одржлива зеленчукова градина за куќа во градот, и тоа е основано на
нивните идеи од претходната лекција. Наставникот ги охрабрува да користат и
вертикални и хоризонтални идеи. Продуктот е Табла за Расположенија и
илустрации, цртежи од скиците за градење и површините за градина како и
посакуваните зеленчуци.
Оценување
(лекција 6)
Презентацијата на проектите се одвива во
двојни кругови (внатре и надвор – Круг). Учениците презентираат се од нивните
Табли за Расположенија со цртежи и илустрации (2 мин.за секоја група) и даваат
фидбек пред да се ротира кругот. Тие ја повторуваат презентацијата 3 пати. На
тој начин, имаат можност да се подобрат во презентирањето и да слушнат 3
различни презентации. Следниот документ се користи за фидбек: две ѕвезди и една
желба.doc