Module 3: SUSTAINABLE CITIES & COMMUNITIES (SDG11) - MAОпфатени
вештини на 21ви век
Карактер
Граѓанство
Соработка и тимска работа
Комуникација
Критичко мислење и решавање проблеми
Креативност и имагинацијa
Цели
Предложената активност предвидува
едукативни-дидактички насоки кон учениците од класови I-II-III од Италијанското
Средно Училиште. Во однос на возраста, целната група е 11-13 години.
Со оваа алатка, се очекува од учениците
да:
- Се
мотивирани да го регулираат своето однесување, во училиште и средината каде
живеат, под претпоставка дека се однесуваат коректно и одоговорно према себеси
и животната средина, со одреден фокус на градот или земјата во која живеат
- Научат
како да препознаат причина-последица во нивните дела и во животната средина
која е основен елемент за тренирање на младинци кои се одговорни и чувствителни
за темата на одржливост.
- Да се свесни дека се дел од средина во која
живеат
- Препознаат
ситуации на деградирање во животната средина и нивниот град и потреба за
реквалификација
- Разберат
дека има потреба за однесување на начин кој ја штити и брани животната средина
- Присвојат
концепт дека јавните добра се за секого и за нив самите, и мора да се
однесуваат достојно и со почит
- Ја
разберат важноста и потребата за посебно собирање на отпад
- Раззвијат
когнитивни, евалуирачки, иницијативни вештини и вештини за носење одлуки
Детали
за активноста
·
Материјали –
училница опремена со интерактивна бела табла, основна опрема за училница
(хартија, пенкала, моливи, маркери, итн.) дигитални уреди за сликање, на пример
смартфон или таблет (најдобро за секој ученик по едно).
·
Времетраење – 2
часа (ако е потребно, играта може да се скрати преку редуцирање на времето за
фазата за враќање).
·
Број на учесници во групата – група
со максимум 4 ученици по група
Инструкции
ЧЕКОР 1
- Првата
фаза трае 5-10 минути и може да се постави на крајот на одредената лекција за друга
тема. Наставникот го користи ова кратко време за да каже на учениците, без
многу објаснувања, дека за следната лекција тие треба да направат неколку слики
(со смартфон, таблет или дигитална камера) од местото каде најмногу го
поминуваат своето време со пријателите, на пример слободното време (парк,
игралиште, спортски терен, итн.)
Сликите – наставникот објаснува дека целта за фотографиите не е „панорама“ као разгледница, туку со фокус на детали на околината, на пример патот, огради, канти за отпадоци, спортски терени, детски игри, итн. Електронските уреди со сликите во нив, треба да бидат донесени на училиште за следната лекција.
ЧЕКОР 2
- Во
следната лекција, целосно посветена на реализација на активноста, наставникот
пред се ги собира сите слики од учениците кои успеале да ги направат, преку
блутут конекција, преку мејл, со споделување на класниот компјутер или на друг
начин. Овие материјали собрани на ваков начин ќе бидат прикажани на
интерактивна бела табла за сите да можат да видат и да коментираат со класот за
функционалноста, чистота на околината, или пак запоставеноста и нечистотијата
што се гледа на фотографиите.
Наставникот потоа води дебата со
мотивирање на учениците за преиспитување на важноста на добро одржување и
чистота на просторите каде тие го поминуваат своето слободно време, на пример
како за играње и одбегнување опасности од нечисти места, запоставени места кои
се опасни и обесхрабруваат други деца да се движат во близина, како и нивните
семејства.
Овој дел од приказот на слики и генерална
дискусија треба да трае максимум 20 минути. Учениците потоа се групирани во
помали групи, каде што наставникот ги оформува според потребите, и треба да
избегнува исти ученици постојано во истите групи. Затоа, најдобро е се да е по
случаен избор, со цел да се поттикнат групните членови да се преиспитаат себеси како „надворешни набљудувачи“ за
ситуацијата на одредено место, кое е прегледано и од секој друг во групата.
Задачата за наставникот е да додели:
А. Анализирање во детали на фотографиите
на местата кои се прикажани од секој член
Б. Забелешки запишани на хартија за
слабостите кои спречуваат безбедно користење
В. Краток опис на чистењето,
реквалификација, одржување и интервенции за кои групите мислат дека е потребно
подобар простор, почист, побезбеден.
- Штом
работата на групите е готова, на хартија заедно со извештаите, белешките,
предлозите се групираат информациите за колку може местата да се користат.
Анализите ќе бидат копирани (или сликани од учениците со нивните смартфони или
апарати), па една копија секогаш би останала во групата, а другите ќе бидат кај
наставникот.
- Наставникот потоа ги распределува во
компјутерски презентации (на пример PowerPoint, Prezi, Mentimeter или
едноставен скен на хартиите од групите, се додека се јасни и разбирливи).
- Во фаза број 3, (Проверка, види
подолу), групите се враќаат на час.
- Наставникот
ќе учествува на неколку минути во активноста на секоја група, ќе им дава идеи
за работење и за изборот на чистење и одржување кои би биле предложени со цел
да се разубави просторот.
Колку што е можно, наставникот потоа ќе
се обиде да ги насочи учениците кон постапки од ограничен избор, но овде не би
припаѓале поголеми инвестирања или промени во урбано планирање на градовите и селата.
Ако еден или повеќе ученици пријават дека не можат да користат/добијат
дигитални алатки за фотографирање на местата што ги посетуваат со пријатели,
наставникот ќе им предложи да се придружат на другите групи кои веќе имаат
вакви алатки, и да посетуваат исти места.
За да се изведе активноста, доволно е
барем дел од класот да направи записи за сликите и слики кои би ги дискутирале
со групата. исто така, секоја група ќе ги презентира своите идеи пред класот и
своите прегледувања, и ќе предложува подобрувања. Наставникот ќе ја води
дебатата и ќе дозволи на другите групи да направат конструктивни разгледувања,
предлози, кои ќе бидат пријатни и веродостојни.
Најдобрите идеи, оценети на овој начин
од наставникот, ќе бидат преточени за надворешно претставување преку
комуникациски канали на училиштето и проектот 21C-SDG, со цел да се изнесат
истите кон локални административни тела кои би реагирале на соодветен начин.
Што е
инспирација за во иднина?
Активноста доколку е секако ефективно
реализирана, и со добро учество од цел клас, би креирала позитивни ефекти на
целосниот раст на трансверзални вештини на учениците, но и на улогата на
училиштето во уредување на градот, стимулирање на присвојување на подобрувања
кои би имале бенефит за заедницата.
![]() |
Chapter completed | ![]() |
| Exercise | Result | Your answer | Correct answer |




Vifin Course Creator