Module 3: SUSTAINABLE CITIES & COMMUNITIES (SDG11) - MAОпфатени
вештини на 21ви век
Граѓанство
Соработка и тимска работа
Комуникација
Критичко мислење и решавање на проблеми
Креативност и имагинација
Цели
Со оваа алатка, се очекува од учениците
да:
-
Развијат и аплицираат вештини за критичко мислење
-
Користат креативност и имагинација при наоѓање решенија за
одржлива урбанизација
-
Научат како да работат во тим и да соработуваат за да ја
постигнат Цел на Одржлив Развој број 11
-
Покажат искрен интерес и способности за решавање на тешки
вистински проблеми од светот и секојдневието кои влијаат на одржливоста
-
Работат насочени кон цел за зелен развој
Детали
за активноста
·
Материјал:
UNESCO SDG11 инфографик (анекс 1),
проектор, YouTube видеа (референци 2, 3 и 4), смартфони, онлајн мурал за
соработување (пример Padlet, Анекс 3)
·
Времетраење: 4
активности во просек по 50 минути секоја
·
Број на учесници во група: 20-30
ученици
Инструкции
·
Активност 1
-
Размислување за одржливи градови и заедници. Зошто е ова
важно?
-
Тематскиот вовед е направен преку претставување и
дискусија на инфографик од УНЕСКО за Цел на Одржлив Развој број 11 (Анекс 1)
или/и видеа од ОН (предложени на референтна листа или други на нивни мајчин
јазик) за одржливи градови и заедници (наставниците може да одберат видео или
слика според возраста на децата).
Задачи:
-
Секое дете ќе ја тестира својата стапка на еколошки
отпечаток, ќе ја сподели и дискутира за резултатите (https://www.footprintcalculator.org/)
-
Во групата, децата ќе размислуваат за нивните градови и
заедници, и ќе набројат некои ситуации кои ги претпочитаат, како и фактори кои
ги спречуваат од инклузивност, решителност, безбедност и одржливост.
·
Активност 2
Размислување за патот од дома до
училиште. Како да биде поодржлив?
-
Секое дете треба да ја најде својата домашна локација на
Гугл мапа и да ја сними дистанцата, начинот на транспорт, и времето кое е
потребно за да пристигне од дома до училиште
-
Во групи, децата ги споредуваат нивните белешки и прават
едноставен графикон со собраните податоци (вкупна дистанца, начин на транспорт,
и време поминато во патување)
-
Наставникот потоа прашува за ефектот кој го има ова врз
животната средина (односно ефектот од овој вид на транспорт – на пример,
референца бр.6)
-
Децата ги прегледуваат своите графикони и набројуваат
мерки кои би намалиле ефекти врз животната средина во однос на нивното патување
од дома до училиште, и би се подобрил квалитетот на животот.
·
Активност 3
-
Размислување за училиште, домот и слободни активности.
Како да ги направиме поодржливи?
-
Децата ќе го тестираат нивното знаење за животниот стил и
одржливоста (референца 7)
-
Секоја група ќе зборува за нивните дневни навики и места
кои често ги посетуваат, и ќе одговорат 3 прашања (дали е ова безбедно? Дали е
чисто? Дали е еколошко?)
-
Наставникот потоа набројува места и дискутира одговори со
сите во училницата
Наставникот потоа им дава предизвик на
учениците да истражуваат за вистински животни проблеми кои се одразуваат на
одржливоста и можни решенија за истите.
·
Активност 4 – Глумење
Како да ја направиме нашата заедница и
градот поодржливи?
-
Во групи, децата прават мали видеа, и модел слики од
градот или инфографици за презентирање на нивните резултати и активности за Цел
број 11 развиени и обработени во Padlet кој е за целата училница (Анекс 3)
-
Активности за дисеминација кои ќе бидат изведени од
учеството на целата училишна заедница
Совети
за наставникот
1) Осигурајте се дека секое
дете може да учествува во активности и да се изрази себеси
2) Можете да бирате јазик за
еколошкиот тест на отпечаток
3) Водете ја дискусијата и
обезбедете доволни материјали за истражување ако е потребно
4) Ако е можно, поканете ги
членовите на заедницата да зборуваат за одредена тема (енергија, зелени
области, безбедност и животна средина...)
5) Охрабрете ги учениците да
размислуваат и пошироко од презентираните ситуации и време/локација.
Проверка
На крајот на секој час, наставникот го
бара фидбекот од учениците за тоа што го научиле. Учениците потоа предаваат
финален сет на извештаи за самопрегледот, спомнувајќи ја нивната посветеност на
задачите, и коментарите за ефектот на содржината.
Што е
инспирација за во иднина?
1. Слики и видеа кои се достапни
на социјалните медиуми и вебсајтовите на училиштата
2. Инфографици кои се прикажани
на ѕидовите на училниците и слични простори во близина
Референци
/ дополнителна литература
1.https://www.un.org/sustainabledevelopment/wp-content/uploads/2019/07/11_Why-It-Matters-2020.pdf)
2 . https://youtu.be/Qky8NVaAfK8
3. https://youtu.be/NVz1thUnMLk
4. https://www.youtube.com/watch?v=kBcxLLNajWM
5. https://www.footprintcalculator.org/
7. https://www.nationalgeographic.com/environment/global-warming/green-
Annex 2 | Activity 2. Google search sample
![]() |
Congratulations | ![]() |
| Exercise | Result | Your answer | Correct answer |




Vifin Course Creator