Вовед
Генерална Цел на Цел на Одржлив Развој број 12
Воведот во одговорна потрошувачка и производство е од
исклучителна важност за практична и секојдневна имплементација на целите на
одржлив развој. Одржливото живеење е животен стил кој се стреми да намали
употреба на индивидуални и општествени природни и лични ресурси. Со аплицирање
или модификација на методите на транспорт, енергетска потрошувачка и исхрана,
емисиите од јаглероден диоксид се намалени.
Постигнување на одговорно производство и потрошувачка
овозможува задоволување на општествени, економски, и потреби од животната
средина, без опасности на овие фактори за идните генерации. Всушност, оваа
филозофија е основана на принципот на „интергенерациска еднаквост“. Ако овој
принцип не се почитува, тогаш штетата кон животната средина е пренесена и во
иднината.
Одржливиот развој и дизајн се клучни фактори за одржливо
живеење. Одржливиот развој се однесува на развојот на одредена технологија која
е клучен елемент на одржливи животни практики. За возврат се користат овие
технологии во инфраструктурата.
Концептот на одговорна потрошувачка и производство се
стремат кон зачувување на еко системите и природните богатства, додека пак се
зголемува квалитетот на животната средина и целосно квалитетот на живеењето.
Ова значи дека човекот би ја ценел природата и користел придобивки од неа колку
што е дозволено, и би ја чувал безбедна од деградирање и уништување. Целта е
дека се има можност за понатамошен напредок на цивилизацијата, со умерена
потрошувачка на ресурси и простор. Одговорното производство и потрошувачка треба да се надоместување за
сето уништување кое се направило досега.
Земајќи ги во предвид ограничувањата на простор и
ресурси, има и идеја за да се откажеме од постојано фокусирање на прозиводство
за нови потреби, односно, идеја за да успориме и во одреден момент, да запреме
со економски развој, со цел да ја зачуваме животната средина, квалитетот на
живот, и генерално да запреме се што правиме за да ја оштетуваме природата.
Промената на овој начин е еден од најважните принципи.
Преку одговорна потрошувачка, ресурсите се користени само
за да задоволат одредени човечки потреби, но не за луксуз. Процесот може да се
постигне постепено, преку развој на свесност за животната средиа, преку
зголемување на одговорноста за државни институции, преку прегледувања на
постоечки економски и правни системи, преку зголемување на научните вложувања и
учество, како и оние на општествени организации и образовни институции за
решавање на тековни проблеми од животната средина.
Клучни димензии за Цел на
Одржлив Развој 12
1.
Одржлива употреба на енергија
Терминот енергетска
ефикасност е поврзан со две можни значења. Едното се однесува на уреди во
домаќинството, а другото се однесува на мерки. Енергетски ефикасен уред е
направа која има голем степен на придобивка и ист таков ефект, има ниска
употреба на енергија во процесот на трансформирање еден вид енергија во друг.
Мерки кои се преземени за
да се намали енергетска потрошувачкам без разлика дали технички или друг вид,
се навистина значајни во секој аспект. Во иднина, треба повеќе да се фокусираме
на замена на необновливи горива со обновливи, поставување на изолација во соба
која е загреана или изладена, инсталација на мерни уреди и уреди за
контролирање, исто така контролирање на количината на сончева светлина која
навлегува во просторите, итн. Енергијата е од исклучително значење за растот и
развојот на човечката раса и треба да се употребува рационално.
2.
Одржлива употреба на храна
Индустриските
агрикултурни системи обично користат интензивни аплицирања на иригациони
системи, проширени употреби на пестициди и ѓубрива, интензивна обработка и концентрирано
производство меѓу другото. Резултатите од овие индустриски агрикултурни процеси
се: недостаток на вода, хемиски истекувања, ерозија на
почвата, уништување на земјиштата, губиток на биодиверзитет и други проблеми од
животната средина. Од друга страна, значајни бројки на јаглерод диоксид емисии
се резултат на транспорт на храна на долги релации, и ова и штети на климата.
3.
Одржлива употреба на храна
Моментално во светот, 748
милиони луѓе немаат пристап до безбедна и питка вода. Поради ова, треба да
имплементираме одржлива употреба на вода преку серијал на секојдневни мерки.
Ова вклучуа разгледување на ефикасноста на домашните уреди, не само дома, но и
во училиштата исто така, внимателна употреба на вода во надворешни простори и
свесноста за дневната потрошувачка на вода.
4.
Правилна употреба на отпад и негово
еколошко отстранување
Ефективната потрошувачка
на ресурси може да се постигне со имплементација на рециклирање материјали кои
може да се рециклираат, или реупотребат, локални и достапни материјали, и
материјали за кои треба да се произведат ресурси и долготрајни материјали.
Ние правиме 2.12 милијарди тони на отпад секоја година.
Ако го собереме овој отпад во камиони и возиме еден позади друг, може да ја
обиколиме целата Планета Земја 24 пати. Основните правила на справување со
отпад вклучуваат и таканаречен „принцип на три Р“ – РЕДУЦИРАЈ, РЕУПОТРЕБИ,
РЕЦИКЛИРАЈ.
Тоа што го предложуваме е да ги подучиме учениците за
значењето на овој принцип и да имплементираме едноставни активности во овој
поглед, и тоа да се научи како да се намали употребата на материјали кои
креираат многу отпад, да се покажат креативни начини за реупотреба на отпаден
материјал, и да се креира нешто ново од тоа, но секако тоа да биде убаво,
корисно, и да придонесе за важноста на рециклирањето.
Тоа што ние веруваме дека би било корисно долготрајно е
да се обезбедат значајни количества на материјали и ресурси за наставници и
едукатори, односно материјали и ресурси кои тие ќе можат да ги употребат во
наставната програма и воннаставни активности, како и да ги охрабри да
имплементираат цели на одржлив развој во нивниот образовен процес.
Вкрстувањето помеѓу Цел
на Одржлив Развој 12и присвојувањето на
вештини на 21ви век
Земајќи во предвид дека фокусот на учениците е токму на
новите алатки, модулот ќе ги употреби токму тие. Преку истражување,
пребарувања, видео подготовки, анализи, нашите ученици ќе ги запознаат клучните
елементи на одговорна потрошувачка и производство и се ова ќе биде проследено
со практична имплементација.
![]() |
Chapter completed | ![]() |
Exercise | Result | Your answer | Correct answer |