Module 4: RESPONSIBLE CONSUMPTION AND PRODUCTION (SDG12) - MAОпфатени
вештини на 21ви век
Карактер
Граѓанство
Соработка
Комуникација
Критичко
мислење
Креативност
Цели
Одржливата
потрошувачка и производство значи промовирање на ресурси и енергетска
ефикасност, како и осигурување дека секој има пристап до основни услуги,
пристојна работа која е добра за животната средина, како и подобар квалитет на
живот. Овој вид имплементација ќе придонесе за реализација на целокупните
развојни планови, редуцирање на идни економски, општествени трошоци, подобрување
на економската компетитивност и намалување на сиромаштија.
Веќе
подолго време, за природата се мислеше дека е бескраен извор на ресурси, се до
степен кога почнавме да ја сметаме за „верен животен сопатник“. Но, ресурсите
во денешно време кои ги консумираме и преземаме на светско ниво се многу повеќе
од тоа што природата може да ни даде. За општествениот и економскиот развој да
се одвиваат непречено во рамки на одржливост, нашето општество мора да направи
радикална промена во начинот на производство и консумирање на добрата.
Затоа,
постои итна потреба за креирање услови за намалување на експлоатирањето на
природни ресурси преку поправање на постоечките ресури (отпад) кој би се
вметнал повторно во циклусот на производство. Валоризацијата на постоечките
ресурси поминува низ рециклирање на отпад како соодветен второстепен
материјал/суровина за правење на нови продукти. Ова е причина зошто го одбравме
насловот „училиште за рециклирање“.
Ако
несоодветно се менаџира и ракува со отпадот, тој нема да биде ресурс и само ќе
придонесе за повеќе загадување, а со ова нашата Планета Земја ќе колабира. На
ова следува:
- Првата
цел е да помогнеме на децата да разберат дека отпадот не треба да се смета за
нешто површно, и често може да биде ресурс
- Втората
цел е да се промовираат промени на дневна основа во секојдневието со цел да се
придонесе за подобрување на животната средина
- Третата
цел е да се креира синергија и хармонија помеѓу училиштата, семејството и
компаниите, односно континуирана интеракција помеѓу сите субјекти кои би
придонеле за подобро развивање на чувство за одговорност кај младинците.
Помеѓу
подучувачките методи кои најмногу привлекуваат љубопитност кај младите се и
оние методи кои се изведени во работилници. Тука, учениците кои се предводени
од возрасен едукатор, заедно во групи и тимови работат кон една цел: креирање
на нов продукт.
Детали
за активноста
КРЕАТИВНА
ЛАБОРАТОРИЈА СО РЕЦИКЛИРАН МАТЕРИЈАЛ
Активноста
поттикнува размислување за можноста за експериментирање со различни материјали,
давајќи втор живот на еден предмет кој би се фрлил, и на овој начин, отпадот ќе
стане ресурс и ќе промовира одржливо однесување, со нагласеност на
индивидуални, уметнички вештини.
·
Материјали
Во секој
клас и на секој час, треба да има интерактивна бела табла која ќе дозволи на
учениците да гледаат видео на почетокот на секоја лекција, потоа мало домашно
пакување од пластика и картонска кутија, топол лепак, винил-лепак, ножици,
акрил боја или маркери. Другите материјали може да бидат потребни во зависност
од активноста која е одбрана од наставникот.
·
Времетраење
90
минути
·
Број на учесници во групата: 5
Инструкции
Првата
фаза на лекцијата служи како „загревање“ и ги воведува учениците во темите на
одржливост на динамиката на производство и потрошувачка на добра, со фокус на
важноста на циклусот на отпад во рамки на циркуларна економија.
Се
состои од проектирање на кратко видео/приказ (не подолго од 5 минути) на темата
која секој наставник лесно може да ја најде на интернет, и тоа на мајчин јазик
на учениците. Видео на Англиски јазик би било навистина корисно од
интердисциплинарна гледна точка, но не е препорачано поради релативна
комплексност на темата, која може да е пречка за дел ученици.
На
крајот на ова видео, наставникот накратко треба да ја воведе темата во
погенерален контекст на одржливост, и потоа да претстави или илустрира
активност која ќе биде изведена за целиот клас во преостанатото време. Целта е
да се покаже на учениците како е лесно, корисно, забавно и креативно да се
фокусираме на навидум незначајни нешта кои инаку би биле отпад.
- Наставникот
потоа ќе го подели класот во групи со максимум 5 ученици, и ќе се погрижи дека
има баланс во критериумите и нема групи кои се послаби од другите во однос на
креативност и вештини за изработка.
- Секоја
група ќе се сретне со цел да има доволно простор кој е достапен (на пример, две
работни маси една до друга).
Наставникот
потоа задава задача на секоја група да направи нешто од рециклирани материјали.
Тоа може да е каков било метод по случаен избор, со тоа што секоја група бира
од затворени и нумерирани пликоа кои содржат инструкции, претходно подготвени
од наставникот.
На
интернет има многу водичи и упатства (конкретно на YouTube) каде наставникот ќе
може да одбере најсоодветна задача за класот со предложената активност. Некои
примери:
1) Во
супермаркет, во корпата обично имаме пластични кутии или пакувања со овошје и
зеленчук, други прехранбени продукти и слично. За жал, овие пакувања се фрлаат
и прават многу отпад. Со малку креативност, може да бидете попрактични и да ги
искористите овие предмети на подобар начин.
Подолу
ќе видите линкови каде можете да најдете идеи и инструкции со користење на
слики, и истите може да се користат без разлика на мајчиниот јазик на
наставникот, кој накратко ќе објасни повеќе за инструкциите и ќе ги сортира во
пликоа за групите:
https://www.youtube.com/watch?v=l25txAG3qk0
https://www.youtube.com/watch?v=C_T9kz67JPc
https://www.youtube.com/watch?v=77XGvD7_MIQ
2
Повторно,
имаме протагонист Пластика во серијал активности кои ќе се изведат со капачиња
од пластични шишиња, газирани пијалоци, млеко, детергенти, итн., со цел да се
декорираат мозаици, прстени и друго.
Исто
така, има и други упатства кои се однесуваат на:
https://www.youtube.com/watch?v=4m-UymTVAPY
https://www.youtube.com/watch?v=zwQPTfftb90
2) Хартија
и картон се исто така материјали кои ги наоѓаме во изобилие помеѓу набавените
продукти во секое домаќинство. Тие може да добијат нов живот и намена пред да
бидат фрлени.
Некои
примери:
Совети
за наставникот
1) За да се
поттикне учество, наставникот ги замолува сите да почнат да размислуваат за
нивното секојдневие и да препознаат пакувања во домаќинството кои може да се
спасат односно рециклираат, и да се дефинира од каков материјал се направени.
2) Се
почнува активноста со предлог за едноставна и забавна работа, и веднаш штом е
изведена на училиште како дел од групата, може да биде повторена и дома
индивидуално. Наставникот ќе може да ги потенцира сите можни варијации кои
водат кон финален и „персонализиран“ резултат основан на употребата на достапни
материјали, избегнувајќи набавка на нови материјали или работни алатки (на
пример топол лепак, и ако ова не е достапно може лесно да се замени со други
лепила дома или во училиште).
3) Многу
важно – избегнувајте проекти кои вклучуваат употреба на опасни алатки како
сечачи, скалпел, пламен, машини за дупчење, итн. Затоа, одберете активности кои
се едноставни, безбедни, и со безбедни материјали кои лесно се употребуваат на
училиште и дома.
Проверка
На
крајот на лекцијата, се дискутира за тоа што е сработено со наставникот, се
потенцира големата количина на корисни и забавни предмети кои може да се направат
со тоа што инаку би било фрлено. Наставникот потоа ќе ги замоли учениците да
направат фотографии и да ги разменуваат сликите, со цел сите да се преиспитаат
за предметот и да го разберат концептот на креативна и конструктивна игра.
Бидејќи,
основната цел на активноста е да се помогне на учениците да разберат за
важноста на одржливо производство и потрошувачка, ова е компатибилно и со
балансот на екосистемот во кој живееме, заклучно со ова, наставникот ќе
предложи и видео монтажа со фотографии кои ќе надополнат и избалансираат тоа
што е видено досега, и ќе ги потенцираат драматичните последици на неодржливи
однесувања и животни стилови.
Ова може
да биде на пример, слики прикажани на теми за загадувањата на морињата и
океаните поради пластичен отпад:
https://www.youtube.com/watch?v=ArYLGNe-jCA
https://www.youtube.com/watch?v=bkSv2Z6HhFc
https://www.youtube.com/watch?v=HQTUWK7CM-Y
Што е
инспирација за во иднина?
Во
следните лекции, врз основа на одговорите од класот по приказите за
активностите, наставникот ќе може да се наврати на предметот и темата со нови
гледишта и предлози за однесувањето на секој граѓанин, дури и најмладите, и ќе
потенцира дека секој може да го подобри својот степен на одржливост во однос на
производство и потрошувачка.
Можна
трага од преиспитувањата ќе биде предложена и на некоја екскурзија во однос на
предмет Историја, и ова ќе биде поврзано со конкретни примери во денешницата за
одржливоста. Од 1970та па наваму, прогресивната свесност за теми од животна
средина се повеќе зема замав во однос на дебати за иднината на Планетата.
Оваа
дебата вклучи и светски организации, движења за мислења, влади и научници и
академици, и доведе до концепт на одржлив развој, што е „способност да се
задоволат потребите на сегашните генерации без загрозување на можностите на
идните генерации со нивните потреби“.
Нашата
Планета треба да биде почитувана и негувана, заштитена. Со овој факт, треба да
знаеме да присвоиме одржливи политики основани на рециклирање, намалување на
отпад и намалување на емисии на токсични супстанци, конкретно од големи
компании. Очигледно е дека конкретни резултати до 2030 нема да биде лесна
задача, и наставникот ќе треба во следните лекции да проба да пренесе порака до
учениците за важноста на мали дневни гестови и навики.
Тој /таа
ќе се наврати на нешта како намалување на користењето на водата преку
избегнување на отпад. На пример, да не дозволуваме водата да тече ако не ја
употребуваме во тој момент, да користиме машина за алишта и машина за садови
секогаш и тоа скоро целосно полни или полни. Потоа, нискиот ефект на видови
транспорт, посебно оние во градовите, на пример каде автомобилот може да се
замени со велосипед, исто така намалување на трошењето на струја, купување на
врвни уреди за домаќинство, гаснење на светлото секогаш кога не сме во собата,
итн.
- Да се
прави разлика меѓу обид за рециклирање, непотребни пакувања, да се избегнува
користење на пластика и пластични прибори, итн.
- Да се
купуваат намирници со платнени торби, а не пластични ќеси, и да се знае ефектот
врз животната средина на тоа што го купуваме. На пример, користете што е можно
повеќе детергенти кои се купуваат на
големо.
- Користете
рециклирана хартија, немојте се да печатите од документи ако не е навистина
потребно.
Референци
/ дополнителна литература
https://www.conip.org/scuola-di-riciclo/
![]() |
Congratulations | ![]() |
| Exercise | Result | Your answer | Correct answer |




Vifin Course Creator