Целта бр. 4 од Целите на Одржлив Развој е да се постигне „Квалитетно образование“ односно тоа да биде инклузивно и еднакво за сите, со цел да се постигне доживотно учење и можност за истото кон сите. Според Обединети Нации (2015, стр.7), правото на образование мора да е гарантирано на сите нивоа – рано детство, потоа основно, секундарно, терцијарно и занаетчиско образување – и треба да ги опфаќа сите луѓе, без разлика на пол, возраст, раса, етничка припадност или пак дали се луѓе со попречености, посебни потреби, мигранти, автохтони единки, деца и младинци, конкретно тие во ранлива состојба и услови. Понатаму, учењето мора да биде споено со секојдневието и да се случува во различни контексти (формален, неформален, итн.). Фулен и Скот (2014, стр.7) кажуваат дека учењето треба да „го опишува светот од повеќе перспективи, и да биде релевантно на интересите на вистинскиот свет, потребите и предизвиците на нашите ученици, да е интерактивно и да се фокусира на развој на можностите кои не се строго ограничени само на денешницата“.
Според ОН (2015, стр.17) главните цели на Цел на Одржлив Развој број 4 се:
4.1 Универзално основно образование и обраование во средно училиште
4.2 Ран развој во детството и универзално предучилишно образование
4.3 Еднаков пристап до техничко/занаетчиско образование и повисоко образование
4.4 Релевантни вештини за пристојна работа
4.5 Родова еднаквост и инклузија
4.6 Универзална младинска писменост и писменост на возрасните
4.7 Образование за одржлив развој и глобално граѓанство
4.а. Ефективна средина и услови за учење
4.б. Проширување на бројот на школарини достапни за земји во развој
4.в. Зголемување на бројот на квалификувани наставници
Зошто ова е важно за образовната заедница?
Со цел промовирање на инклузивно и квалитетно образование, и промовирање на доживотни образовни можности за сите, важно е да присвоите широки и интегративни перспективи за образовните процеси. Ова значи и различни образовни методи, не само формално организирани, но и оние кои овозможуваат различни знаења и практики, во и надвор од училишта/академски средини (Зукети & Моуре, 2010). Ова значи и дека образовниот одговор на трансформациите кои се резултат од економски, демографски и социјални промени константно бара подобро инвестирање во соработки помеѓу формални и неформални системи. Во Португалија, еколошката перспектива и социо-образовната практика, во формални и неформални образовни контексти, и тоа на различни нивоа во образованието, е застапена низ годините и тоа на добра позиција која е растечка од ден во ден (Силва, 2010), имено тие и индиректно и директно вклучени во истото.
Всушност, тие што се директно вклучени во процес на учење и подучување, организираат наставни програми, оние кои надгледуваат или се ментори за политики, студенти, ученици и нивните семејства, сите ја препознаваат еколошката перспектива како повеќе од локална тематика, и наспроти ова, ова е навистина широка и опширна тематика, која се повеќе завзема видливо место и правна структура.
Оваа поширока, инклузивна и правична перспектива која содржи знаења кои траат доживотно, бара и комуникација и артикулирање на различни јазици и знаења, во контекст на неформалност што помага да се креира креативност и различни вештини (знаење, расудување, комуникација, однесувања), и води кон иновација и граѓански развој.
Сценариото со нетворкинг дава предност на итноста на нови едукативни практики кои промовираат социјална кохезија, и ова е паралелно со Цел бр.4 – Квалитетно Образование.
За да се разберат глобалните аспекти на општеството и истовремено да се делува за трансформирање на локалната заедница, инклузијата значи право на ефективен и целосен пристап и учеество кон истите едукативни контекси. Во овој момент, Португалската Владина Програма поставува дел приоритети, односно посветеноста на инклузивно училиште каде секој ученик, без разлика на лична и социјална позадина, наоѓа одговори кои овозможуваат ниво на образование и тренирање кое промовира целосна инклузија (Закон 54/2018, 6ти Јули).
Оваа инклузивна посветеност, паралелно ссо УНЕСКО (2019), интегрира специфична поддршка и ресурси за учење и инклузија, како и ресурси за заедницата. Земајќи ги во предвид и генерациските ефекти за едукативни процеси, и развивајќи квалитетно образование со овие претпоставки, ефектите се видливи долгорочно и за идните генерации. Така, квалитетното образование се стреми да креира одговори за локалните предизвици со кои се соочуваме, во различни моменти и во едно макро сценарио на глобални трансформации, со намера за социјална инклузија. Клучни димензии на Цел на Одржлив Развој 4:
Клучните димензии на Цел 4 се поврзани со когнитивни, социо-емоционални цели и цели на изучување за однесувањето (УНЕСКО, 2017, стр.18). Овие когнитивни изучувачки цели се поврзани со: разбирање на улогата на образованието и доживотното учење и истите едукативни можности за сите, разбирање дека образованието е основно човечко право, препознавање на недостатокот на правичен пристап до квалитетно образование и доживотни изучувачки можности, разбирање на улогата на културата во постигнување на одржливост и важноста на образованието во креирање на поодржлив, правичен и мирен свет.
Изучувачките објективи од социо-емоционален аспект се поврзани со: способноста на изучувачот да покрене свесноста за важноста на квалитетно образование за сите, мотивирање и охрабрување на другите за да бараат и да се вклучуваат во образованието за одржлив развој и други едукативни можност, препознавање на нивните изучувачки потреби и личен развој како и подобрување на нивните вештини, конкретно најмногу за вработување и претприемништтво.
Крајните цели на однесувањата се поврзани со капацитетот да се помага и имплементира квалитетно образование за сите, на различни нивоа, да се промовира родова еднаквост, да се бара и поддржува развој на политики, да се даде моќ на младинците да учат низ целиот свој живот и да се промовира одржлив развој.
![]() |
Chapter completed | ![]() |
Exercise | Result | Your answer | Correct answer |