Цел на Одржлив Развој број 13
Две третини од површината на земјата е покриена со вода. Водата е главен услов за живот. Луѓето еволуирале од првата бактерија најдена во морињата пред 4.000.000.000 години.
Нашите животи се зависни од вода.
Океаните, нивната температура, хемиски состав, и состојба – се двигател за глобалните системи кои ја прават земјата погодна за живот. Како раководиме со ова е есенцијално за човештвото.
Цел 14, Живот под вода, се стреми да ги заачува океаните преку одржливост и ова вклучува чување на приморјата и екосистемите за вода, како и превенција и намалување на водно загадување кое влијае на киселоста на водите.
Морската загаденост, е загрижувачки проблем кој доаѓа од земни извори, и е алармантно со во просек 13.000 пластични отпадоци најдени на секој километар квадратен во океаните.
Оваа Цел, Живот под вода, е поделена во 10 цели, и тоа:
1.1. До 2025, превенција и намалена водна загаденост од сите видови, најчесто поради земни активности, како отпадни остатоци во водите и загадување
1.2. До 2020, справување и заштита на морските и крајбрежните екосистеми со цел да се избегне негативен ефект, како и подобра упорност и делување за спас на овие области, за здрава состојба на океаните.
1.3. Намалување и справување со ефектите на океанска киселост, вклучувајќи и зајакнати научни соработки на сите нивоа.
1.4. До 2020, да се регулира ловење риба, незаконско и нерегулирано ловење водни животни и уништување на водниот свет, да се имплементираат практики основани на наука и менаџмент планови, со цел да се спаси рибниот свет во најкратко време, и да се произведе најмногу одржливост, но да не се оштетат водните животни и нивните карактеристики
14.5. До 2020, да се спасат барем 10% од морските и крајбрежните области, согласно национални и светски закони и најдобри можни научни информации.
14.6. До 2020, да се забранат некои видови на рибни бизниси кои предизвикуваат премногу ловења на риби, незаконски и непријавени рибни ловења, па треба да се препознаат соодветни и ефективни третмани за развој на помалку развиените земји кои се важен дел од Светската Трговска Организација, конретно за преговори со бизниси за рибарење.
14.7. До 2030, да се зголеми економскиот бенефит на Мали Островски земји во развој и помалку развиени земји во однос на одржливи морски ресурси, како одржлив менаџмент со рибни бизниси, аквакултура и туризам
14. 8. Зголемување на научно знаење, развој на истражувачки капацитет и трансфер на морска технологија, земајќи во предвид Критериуми од Интервладина Океанографска
Комисија за Трансфер на Морска Технологија, со цел да се подобри океанската благосостојба и да се зголеми придонесот за морски биодиверзитет за развој на земји во развој, конкретно малите островски и помалку развиени земји.
14.9. Пристап на мали, гурмански бизниси за риба на морските ресурси и пазари
14.10. Зголеменост на зачувување и одржлива употреба на океаните и нивните ресурси преку имплементирање на светски закони како што е прикажано во UNCLOS, со обезбедување на законска рамка за зачувување и одржлива употреба на океаните и нивните ресурси, како што е прикажано во параграф 158 од Иднината која ја Сакаме.
Зошто е ова важно за образовната заедница?
Промена во навиките е потребна за идните генерации. Треба да го смениме климатскиот страв во климатски акции. Во една анкета од УНИЦЕФ, 41.2% од младите кажаа дека се плашат од климатски промени. Треба да го подобриме нивното разбирање за водниот циклус како и за рециклирање. Ние треба да ги едуцираме децата како граѓани на светот да се свесни за океаните и животот во нив, и колку тоа е важно за сите нас. Исто, колку е фрагилен овој воден свет во однос на човечките постапки на копно и во океаните и морињата. Децата треба да знаат дека нашите сегашни дејствија имаат ефект на биодиверзитетот и идните генерации.
Клучни димензии за Цел на Одржлив Развој 14
За да се разбере морското загадување, треба да ги разбереме водните циклуси. Учениците треба да разберат дека и тие се дел од водниот циклус. Ние позајмуваме вода од природата и ја враќаме пак назад, но треба да ја вратиме чиста и добра, и незагадена. Треба да разберат и дека водата оди од површината на копното кон водите. Тешко е да се разбере глобалниот циклус ако прво не се разбере водниот.
Сите ученици ќе научат да одговорат на следните прашања:
- Од каде доаѓа водата од чешма?
- Што се случува со водата кога ќе го пуштиме казанчето во тоалетот?
- Каде оди дождовната вода
- Што се собира во дождовната вода кога оди кон морето?
- Кои состојки се од луѓе и што може да направиме за ова?
Учениците мора да имаат основно научно знаеење, но и да ја ценат природата и да имаат позитивни мислења за морињата и сите растенија и животни. Ова мора да е вметнато во активностите.
Клучни теми на Цел 14.4:
- Да се биде свесен за моќта да се биде одржлив потрошувач
- Да се биде свесен за независноста на нациите според транснационални цели и закони кои ги регулираат рибарските флоти
- Да се биде свесен за рибарските методи и како влијаат на екосистемот. Нашите причини за бирање на овие три цели се нивните ефекти на животот и како е ова релевантно за учениците. Ако сакаме да ги смениме нивните навики и однос, мораме да им поедноставиме се во нивното секојдневие и да им дадеме можност да дејствуваат во овој контекст. Активностите кои ги бираме треба да се вметнати во нивните секојдневија.
Исто така, тие треба да разберат и за ефектот од нивните дела. Треба да имаат позитивни искуства поврзани со морињата и водниот живот. Тоа ќе го постигнеме на следниот начин:
1. Учениците треба да видат и почувствуваат каква е морската загаденост и други човечки дела кон морињата како проблем (на пример, пластика заробена кај школките или по плажите)
2. Тие треба и да разберат повеќе за природните системи (на пример воден циклус, хемија на загадувачите, и биодиверзитет) во морињата.
3. Учениците ќе можат и да видат решение кое може да е интегрирано во секојдневието. Исто е важно и да е се насочат активностите кон практики со основни знаења за водните системи. Вкрстувањето помеѓу Цел 13 и присвојување на Вештини на 21ви век се двете важни за морињата, нивната загаденост како и фактот дека морињата ни даваат храна.
Затоа, треба да ги образуваме младите, да разберат што е проблемот, да имаат желба за решавање на проблемите кои се и лични, но и политички глобално. Учениците треба да имаат способности за решавање на проблеми креирани од луѓето кои имаат влијание на животната средина. Образованието мора да одразува вакви вештини, на 21ви век.
Ќе ги фокусираме нашите активности на изучувачки ситуации каде учениците ќе:
- Соработуваат во тимови за истражувања на избори
- Се поврзат со проблемите и инволвираат исто така
- Ги користат нивните инженерски вештини за креирање модели за решенија на одредени проблеми
- Можат да ги видат двете страни на аргументите. Ученикот ќе треба да се стави себеси на туѓо место, да игра разни улоги, и да види други гледишта
- Со цел учениците да се ангажирани на лично ниво, и подоцна во процесот да работат кон подобар и заеднички процес, на пример на ниво на општина, национално ниво, и светско ниво.
![]() |
Chapter completed | ![]() |
Exercise | Result | Your answer | Correct answer |