ПРВ МОМЕНТ
Анализирајте со учениците повеќе околу информациите од истражувањата на Светскиот Економски Форум кој предлага дека во 2050, тежината од пластика во реките и океаните ќе биде поголема од тежината на рибите доколку ова не го промениме, во однос на користење пластика. Видете ги и вестите кои се прикачени како линкови до Светски
Економски Форум.
ВТОР МОМЕНТ
Учествувајте во поддршка на локалната власт, невладина организација или некое движење
(друг партнер, на пример Museu de Ciência Viva [Living Science Museum]) во една групна акција за чистење на плажите. По пристигнување на плажата, соберете примероци од песок
по плимата, согласно со експерименталниот протокол прикачен, и направете фотографии
од областа. Потоа, организирајте чистење на плажата, поделете ги учениците во групи од по 3 ученици со заштитна опрема (ракавици и маски) и алатки соодветни за собирање примероци, со цел да се исполни тоа што се очекува. Направете фотографии од плажата на самиот излез од таа област, и исто и од собраниот отпад.
ТРЕТ МОМЕНТ
Собраниот песок ќе биде анализиран на часот за Природни Науки, продолжувајќи со аплицирањето предложено во експерименталниот протокол.
ЧЕТВРТ МОМЕНТ
Дисеминирајте ги аклучоците од оваа акција, на макро и микро ниво, во Padlet за
образовната заедница.