Карактер
Граѓанство
Соработка
Комуникација
Критичко мислење
Креативност
Со оваа алатка, се очекува од учениците да:
- Развијат мислења за како хемијата има ефект на животот во водата
- Разберат како зачувување на природните ресурси и водниот свет е есенцијално за нашата иднина
- Имаат поголема свесност за едноставните мерки за намалување на загадување во водата
- Испитаат пластични пакувања во домовите и хемикалии во детергентите
- Развијат соработка, презентации, и вештини за преглед
Детали за активноста
• Времетраење – 2 часа
• Целна публика – ученици од 8мо одделение (20-30 вкупно)
1. Групна работа – учениците прават мисловни мапи со клучни зборови „Живот под вода“ (на пример, загадување во морињата, брегови и екосистем, океани, рибарење, мали острови, итн). Тие ги споредуваат овие мисловни мапи и ги оценуваат, а потоа прават една заедничка мисловна мапа.
2. Учениците гледаат неколку филмови за водниот свет, живот, и загадување на водите
3. Потоа прават табела и за домашна употреба, со истражување за пластика која се користи дома, како и хемиски детергенти
4. Дома, учениците комплетираат се од табелата погоре, и фотографираат етикети од детергенти кои ги имаат дома
5. Потоа учениците работат во групи за табелата од погоре, ги споредуваат состојките од детергентите, одбележуваат со сина боја туѓи информации кои им се совпаѓаат,
а со зелена боја тоа што другите го немаат. Потоа прават 2 листи, една листа е за колку често или ретко се користат овие состојки, а втората листа е со помалку штетни и повеќе штетни (опасни) детергенти
6. Работа со фотографии направени дома – истражување за опасните симболи и еколошки етикети, правење презентации за опасните симболи и етикети од овој вид
7. Учениците дискутираат за следните теми:
- Јаки и слаби страни на детергенти за миење
- Кој вид производ е најдобар за во иднина? Зошто?
- Како да ја намалиме употребата на пластика дома или во училиште?
- Кои мерки да ги преземеме за постепено да не користиме повеќе пластика и хемикалии, и да ги замениме со други материјали и состојки?
- Што ќе им кажам на родителите за детергентите и пластичните пакувања?
8. Учениците прават електронски постери (е-постери) на тема „Сортирај отпад!“, „Како да не користам пластика?“, „Кои детергенти се добри за животната средина“, „Симболи за опасност и еколошки етикети“
Што знаеме за проблемот/ситуацијата? Што треба да знаеме? Како да дознаеме повеќе?
Како да го организираме нашето истражување/
1. Наставникот ги охрабрува учениците да зборуваат за најважните нешта, есенцијални за живот, и ги води нивните одговори во контекст на загадување на водите, и негативниот ефект од ова.
2. Наставникот прикажува неколку филмови за животот во вода и водниот свет, и неговата загаденост (види анекс)
3. Наставникот дава домашна задача, ги презентира информациите во табелата, и објаснува како да се заврши оваа табела (види анекс)
4. Наставникот организира работа во групи, ги поканува учениците да ги споредат информациите во табелите кои ги довршиле дома. Потоа, наставникот координира креирање на двете листи, и поттикнува споредби на истите, но и помага во креирањето на шемите.
5. Наставникот предлага зачувување на сликите на еден компјутер, ги групира и креира презентација. Важно е наставникот да се подготви за лекцијата однапред – да проучи повеќе за опасните симболи и еколошки етикети.
6. Наставникотн ги вклучува учениците во дискусија на следните теми:
- Јаки и слаби страни на детергенти за миење
- Кој вид производи се најдобри за во иднина? Зошто?
- Како да употребуваме помалку пластика дома и на училиште? Кои мерки треба да се преземат за постепено да престанеме целосно со употреба на пластика и хемикалии, и да ги замениме со други материјали и состојки?
- Што ќе им кажам на моите родители за детергентите и пластичните пакувања?
7. Наставникот ги охрабрува учениците да направат е-постери и е-весници на темите „Сортирај отпад!“, „Како да не користам пластика?“, „Кои детергенти се добри за животната средина“, „Симболи за опасност и еколошки етикети“.
8. Потоа наставникот ги охрабрува учениците да ги запознаат своите семејства и пријатели со можностите за одржување на чистотата на водата во градот, областа, земјата, Европа, светот.
Што е инспирација за во иднина?
Како ќе се презентираат резултатите?
1. Учениците ја гледаат групната работа, и во својата и во другите групи (е-постери и е- весници)
2. Изложба во училиштето, на вебсајтот на училиштето, или социјалната мрежа на училиштето
Референци /дополнителна литература
https://www.youtube.com/watch?v=6zrn4-FfbXw
https://www.youtube.com/watch?v=HQTUWK7CM-Y
https://www.youtube.com/watch?v=bh8WHH-tBXI
https://www.youtube.com/watch?v=1P9syq3f6hQ
No. | Product name | Ingredient name | Why added? Aim | Effect on humans | Effect on environment and/or living creatures/ effect on life in water |
1. | |||||
2. | |||||
3. |
![]() |
Chapter completed | ![]() |
Exercise | Result | Your answer | Correct answer |